ТЕРА

REKLAMA???

„СИТЕ СВЕТЛА“ НОВА ПЕСНА НА ЛАРА ИВАНОВА И ЈОСИФ РИСТОВСКИ

Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“. Станува збор за трендовски хит, затоа што за само неколку дена има илјадници прегледи и лава позитивни коментари и реакции од македонската публика, но и од регионот. Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот музички проект му даде ексклузивна нота.

„Сите светла“ се вперени кон Лара Иванова, затоа што во новиот видео запис се појавува во  уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога. Диско ритам, енергија и гламур, „Сите светла“ е нов хит, кој ќе остане запаметен во македонската дискографија. Лара Иванова е редок пример на артист кој неуморно работи и во континуитет создава музика за својата публика и за домашната музичка сцена. Освен тоа, нејзината посветеност и ентузијазам резултираат со големи хитови.