ТЕРА

REKLAMA???

СЛЕДНИОТ ВИКЕНД „ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО“

Следниот викенд по 11 пат Битола ќе биде во бело. Традиционалната манифестација „Широк сокак во бело-Бела ноќ Битола“ ќе се одржи 25-ти и 26-ти август.

Ќе имаа одлична програма за посетителите на двете вечери, велат организаторите. Првата вечер, на 25ти август (петок) ќе настапат легедерните Нокаут и милениците на Битолската публика „Д Грув“. 

Втората вечер на 26- ти август во сабота свој настап ќе има мега популарниот и светски познат диџеј Дејвид Моралес. Претходно, атмосферата ќе ја загреваат диџеј Љубиша и диџеј Кохс“.

За освежување ќе се погрижат кафе баровите со своите шанкови: Портал, Расчекор, Стејџ бар, Епинал, Давидов, Симбол.

Големо внимание повторно привлекува светски познатиот Дејвид Моралес, кој пред повеќе години беше во Битола на истата оваа манифестација.