КК Пелистер – Хелиос Санс 70-88
Кошаркарите на Пелистер го претрпе третиот пораз во сезоната во АБА2 лигата. Поуспешен од битолскиот тим на натпреварот од „балонот“ во Златибор беше Хелиос од Словенија, кој извојува победа со 70-88.
Карутерс со 20 и Хаџифезовиќ со 17 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер, а двоцифрен ефект имаше и Карпентер, реализирајќи 15 поени.
Следниот „балон“ се игра во третата недела од јануари 2023 година во Бања Лука.












