ТЕРА

REKLAMA???

СМЕТОТ ОКОЛУ КОНТЕЈНЕР

Камерата на ТЕРА Телевизија и денеска на терен забележа неколку показатели за односо што сите го имаме кон хигиената во градот.

Екипите на Нискоградба денеска на улицата Партизанска по којзнае кој пат го санираа отворот појавен блиску тротоарот непосредно пред битолската Клиничка Болница. Се санира делот кој се појави како проблем од моментот на инсталирањето на тополоводната инфраструктура. Познавачите денеска со нас, во неформален разговор зборуваа дека во градот од времето на ФЕНЕПЕ , масовното асфалтирање во 80те години од минатиот век, до денес се јавуваат проблеми поради потребата да се надмине секојдневното распаѓање на асфалтот од пред 50 години. Во текот на денот имаше само малку сообраќаен метеж, а санирањето, со неколку екипи заврши експресно.

Во околината сепак забележавме нова мала депониичка. Сметот наместо во контејнерите се оставил околу. И жителите на зградата реагираат дека иако Комуналец има свој ден кога минува и ги чисти контејнерите, сепак за град како Битола не е доволно во нивните населби камионите да го подигнуваат сметот само во еден ден. И малото паркче отспротива велат дека е индивидуален напор, кој, останал недовршен. Ниту општината помогнала ниту општината казнила. А кога се води ваков неформален разговор со граѓаните, тогаш најчесто доминра повикот кон „комуналците „ и „Општинарите“ да ги расчистуваат јавниот простор и зеленило.