ТЕРА

REKLAMA???

СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО

Денеска во рамките на проектот „Безбедно лето”, претставници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар и Отсекот за превенција при СВР Битола со претставници од национални шуми на подрачјето на Демир Хисар, со населението беше разговарано и им беа дадени совети за заштита и зачувување на шумските и останатите површини од пожари, заштита на земјоделско земјиште, ливади, пасишта од пожари, како и препораки за превенција од пожари на отворен простор.

Исто така, на жителите им беа поделени и флаери со едукативна содржина.

Со овие активности за заштита од пожари, Отсекот за превенција, координирано со вклучување на сите институции, ќе продолжи во текот на летниот период, соопштија од СВР Битола.

Фото: СВР Битола