Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд 43 л/м2 наврна во Ѓуриште, Струмица, 34 Тетово, 22 Прилеп, Пожаране, 17 Скопје Петровец, 14 П.Шапка, 13 Кр.Паланка, Лазарополе, 10 Скопје Зајчев Рид, Дебар, 8 Берово, Маврово, 5 Штип, 4 Битола, Виница, 2 Охрид, Крушево, Дојран, 1 Претор, Тополчани, Д.Капија, Гевгелија.
Во текот на ноќта беше малку до умерено облачно, а долж Повардарието поради големата влажност се формираше значителна ниска облачност, а понекаде и магла. Утрово во голем дел од земјава е сончево, а долж Повардарието има значителна ниска облачност или магла.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. Во Битола до 28 степени.
УВ индексот 8.












