Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со појава на град и силен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Во Битола до 33 степени.
УВ индексот 8.












