Утрово -6 степени во Берово, П. Шапка, -4 Маврови Анови, -3 Крива Паланка, Скопје-Петровец, -2 Битола, Претор, Штип, Крушево, Демир Капија, -1 Прилеп, Охрид, Тетово, Куманово, 0 Скопје-Зајчев Рид, 1 Виница, 2 Дојран, Гевгелија.
Преку ноќта времето беше ведро со слаб ветер претежно од северен правец. Утринава е сончево и студено, во повеќето места температурите се некој степен под нулата.
Времето денеска сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен. Во Битола до 16 степени.













