ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И ПОТОПЛО, ВО БИТОЛА ДО 20 СТЕПЕНИ

Утрово 0 степени во Берово, 2 Скопје Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Попова Шапка, 3 Маврови Анови, Штип, 4 Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Крушево, Куманово, 5 Претор, Виница, 6 Тетово, Охрид, Гевгелија, 8 Битола, Дојран.

Во текот на ноќта облачноста се намали, а утринава од запад има мало зголемување на нова облачност. Дуваше и слаб променлив ветер, освен во западните делови каде што ветерот повремено засилуваше и беше западен. Во Битола утринава западниот ветер достигнуваше брзина до 20 км/ч. Утрово по одделни котлини има појава на магла.

Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност особено претпладне и во западните делови. Ќе дува умерен ветер, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Битола до 20 степени.