Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во Битола до 24 степени.
Утре облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер.













