Утрово 13 степени во Берово, 15 Лазарополе, 16 Крива Паланка, Маврови Анови, 17 Битола, 18 Тетово, Охрид, Претор, Крушево, Попова Шапка, 19 Прилеп, Струмица, 20 Демир Капија, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Гевгелија, Куманово, Велес, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци.
Врнежи од дожд имаше само во Берово и Крушево.
Ведро во текот на ноќта, утрово е сончево со слаб променлив ветер.
Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Битола до 35 степени.
УВ индексот 8.












