Утрово 11 степени Попова Шапка, Лазарополе, 13 Берово, 14 Маврови Анови, Претор, Крушево, 15 Охрид, Крива Паланка, 16 Битола, Виница, 17 Штип, Прилеп, Струмица, 18 Куманово, Тетово, Дојран, 19 Скопје-Петровец, Демир Капија, 20 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 23 Гевгелија.
Најмногу дожд 42 л/м2 наврнаа во Битола, 16 Претор, 9 Струмица, Берово, Крушево, 6 Виница, 2 Тетово, 1 Охрид, Попова Шапка.
Во ноќните часови времето беше променливо облачно, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне претежно во планинските подрачја во западните и источните делови од земјава ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена. Во Битола до 28 степени.












