ТЕРА

REKLAMA???

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Петокот носи генерално мирна состојба на патиштата. Според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет надвор од населените места. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

За битолчани, на патниот правец Прилеп–Битола и натаму е во сила времен режим поради работите поврзани со Коридорот 10Д. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат на потегот од клучката Лагово до Тополчани.

Кон Охрид, на правецот Кичево–Охрид** има градежни активности на повеќе делници и сообраќајот се одвива со девијации. Патот Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тони.

Граничниот премин Меџитлија–Ники е прооден и нема подолги задржувања за влез во Грција.