ТЕРА

REKLAMA???

СПАСЕВСКА: ПЕЧАТЕНИ УЧЕБНИЦИ ЌЕ ИМА ЗА СИТЕ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Од септември учебници ќе има за секој ученик во основното образование, битката е добиена, вака соопшти Драгана Спасевска од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ по добиеното известување од Народниот правобранител. Таа вели дека како граѓанска иницијатива се бореле за подобри образовни реформи и по сите правни постапки кои ги покренале во однос на кршење на правата на децата и родителите во сите закони и концепции во основното образование, добиле известување од Народниот правобранител дека е завршена постапката за печатените учебници .

„Постапката траеше околу година дена откако ние утврдивме дека процесот на дигитализација не е поставен во ниту еден закон за основно образование, покренавме постапка во која што Народниот правобранител утврди дека начинот на дигитализација е против законски, односно тоа дека учебникот во сите закони и концепции на основното образование е основно извор на средства на знаење и учење, така што народниот правобранител не извести дека постапката е завршена со тоа што учебници од септември ќе има секое дете, во сите училишта во основното образование, со тоа што министерот побарал известување од сите училишта колкав број на учебници и ученици има за да достави печатени учебници за сите ученици“, рече Драгана Спасевска, од иницијативата „Учебници и настава мора да има“.

Како иницијатива вели дека правно докажале дека учебникот е основно наставно средство во образовниот процес.