Договорот е потпишан со логистички пакет. Од резервни мотори до сè друго. Вкупната вредност е 2,7 милијарди евра. Дванаесет сосема нови авиони ќе бидат во сопственост на Србија соопшти српскиот претседател Вучич на средбата со својот француски колега Макрон вчера.
„ Благодарност до Макрон што ни овозможи да купиме нови Rafale авиони и веруваме дека тоа не беше лесно. Веруваме и во добра соработка на нашите армии во иднина. Во 2024 и 2025 година ќе исплатиме по 15 отсто од буџетот, по 421 милион евра. Нема да го зголемиме уделот на јавниот долг во БДП на Србија.“- изјави Вучич.
На средбата се зборувало и за проектираниот недостаток на струја за Србија во следните 10 години и сериозните размислувања во земјата за свртување кон нуклеарната енергија, како многу европски земји.












