ТЕРА

REKLAMA???

СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА БИТОЛА ОД КАРАТЕ УЧИЛИШЕН НАТПРЕВАР

Каратистите од основните училишта на Битола „Стив Нумов“, „ Елпида Караманди“, „ Климент Охридски“, „ Даме  Груев“ Долно Оризари и „Гоце Делчев“, настапија на училишниот државен карате натпревар, предводени од проф. Весна Гецовска со комплетна подршка од сите наведени училишта како и ОСУС-БИТОЛА. 

Во исклучително силна кункуренција Емилија Илковска после три победи се закити со сребрен медал во категорија осмо и девето одделение женски.

Оваа победа на Емилија Илковска од ОУ„ Климент Охридски„-Битола и донесе можност  за стипендија како и учество во летен камп.

„Горди сме сите како битолчани бидејќи Битола  е веќе град кој има каратисти од највисок ранг“ вели тренерот Стевка Јанковска-Петковска, која не информира за овој настан.