Сојузот на средношколци денеска пред Министерството за образование и наука побара реформи со кои ќе биде обезбеден бесплатен јавен превоз за сите средношколци, меѓународна соработка и демократско средношколско организирање. Претседателот на Сојузот Лука Павиќевиќ рече дека Сојузот подготвил два предлог-закони кои се однесуваат на воведувањето на бесплатен јавен превоз и на другите барања.
Павиќевиќ рече дека подготвиле и предлог-закон кој ќе гарантира постоење на ученички совети во секое училиште, нивна независност од другите органи на училишната управа и демократски непосредни избори за претседателите на ученичките совети.
Сојузот очекува консензуална поддршка за овој предлог-закон.













