ТЕРА

REKLAMA???

СТАЈИЌ И СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ГО НОСИ ДРЕСОТ НА ПЕЛИСТЕР

Кошаркарскиот вицешампион на Македонија, Пелистер од Битола откри дека репрезентативецот Бобан Стајиќ ја искористи опцијата за продолжување на договорот и ќе остане во Битола и следната сезона. Плејмејкерот ќе биде еден од лидерите во тимот, посебно ако се знае дека во ростерот следната сезона ќе бидат вметнати и неколку помлади кошаркари.

Стајиќ пред две сезони дојде во Пелистер и се наметна како еден од љубимците на битолската публика. Пред да дојде во Пелистер, Бобан настапуваше за Лирија, МЗТ Скопје, Фени Индустри, Куманово, Работнички и Кожув.

Пелистер до овој момент го напуштија Кесар, Младеновиќ и Ѓуроски на истек на договорот.