ТЕРА

REKLAMA???

СТОЈАН ЃУРОСКИ ОД ПЕЛИСТЕР НА СПИСОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА ДУЕЛИТЕ СО ШПАНИЈА И УКРАИНА

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

На списокот се наоѓа и кошаркарот на Пелистер, Стојан Ѓуроски. Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден да биде на 25 јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во 10:00 часот, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоза, како и по враќањето од Шпанија.

Инаку, освен дуелот со „црвената фурија“ во Сарагоза, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.

На 4 јули, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18:00 часот, ни гостува селекцијата на Украина.