ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО ЈА ПОЧНА СЕЗОНАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ

ЈП Стрежево ја почна сезоната за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија. Со зголемувањето на температурите во изминатиот период и зголемувањето на потребите за вода од страна на земјоделците се започна со наводнување на земјоделските култури во Пелагонија. Главниот канал и главните цевководи се подготвени за наводнување. Акумулацијата Стрежево во подрачјето на дејствување е подготвена за навремено и квалитетно наводнување на земјоделските површини и се очекува успешна наводнителна сезона, вели првиот човек на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски.

„Денес започнува сезоната за наводнување. Хидросистемот „Стрежево“ е спремен. Во акумулацијата има околу 90 милиони метри кубни вода со тенденција за понатамошно зголемување. Вода за наводнување имаме за сите индивидуални земјоделци како и за ЗК Пелагонија. Исто така ги имаме неопходните количини на вода за непрекинато, квантитативно покривање на потребите за водоснабдување на РЕК Битола и локалните индустриски капацитети. Вода имаме за сите оние кои што навреме ќе дојдат да ги пријават своите култури. Апелирам до земјоделците во периодот од 20 мај до 20 јуни да ги пријават своите култури, се со цел да не дојди до несакани последици“, рече Менде Граматковски, директор на ЈП Стрежево.

Имајќи во предвид дека станува збор за сушен период проследен со високи и натпросечни температури за овој период од годината, од Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола апелираат на рационално и внимателно користење на водата.

Годинава од Стрежево очекуваат пелагониските земјоделците да наводнуваат поголеми површини, со оглед на сувенционирањето на Владата во земјоделието. Директорот Граматковски вели дека Стрежево успешно ќе се соочи со сите водостопански предизвици и оваа сезона, и ќе ја унапреди ефикасноста и одржливоста на постоечкиот модел со единствена цел-подигнување на степенот на на задоволување на потребите на водокорисниците.