Студентите имаат рок до 5 март да аплицираат за субвенциониран студентски оброк за оваа академска година, информираше Министерството за образование и наука.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии коишто имаат месечен приход помал од минималната нето-плата, како и студентите запишани на постдипломски и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
Од МОН појаснуваат дека студентите што ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат електронски да поднесат барање преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk/ каде што се објавени и сите критериуми за остварување на правото, како и контактите за поддршка при аплицирањето.
Можност за повторно аплицирање имаат и студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, доколку сметаат дека ги исполнуваат условите.
Овој рок важи и за оние коишто не поднеле апликација во претходните активни рокови.













