ТЕРА

REKLAMA???

ТАНКОСКИ: ОД СЕГАШНА ГЛЕДНА ТОЧКА,МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ УСПЕШНА СЕЗОНА

Со денешната тренинг сесија официјално завршија базичните подготовки на Еурофарм Пелистер во Маврово. Од понеделникот до попладнево, водени од стручниот штаб, ракометарите изработија според планот и добија два дена заслужен одмор. Подготовките за сезоната 2022/23 продолжуваат в среда со тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Првиот контролен натпревар е в сабота, на шести август, против Еурофарм Пелистер 2.

Гоце Ојлески
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Маврово секоја година го посетуваме. Тука има одлични услови за работа, температурата е одлична. Ние тренираме напорно, имаме поинтензивни тренинзи со новиот тренер. Припремите течат одлично.

Првиот дел беше физичка подтовеност, сега во вториот ќе се воигруваме за натпреварите кои ни следат. Добредојден е турнирот во Струга, каде ќе видиме како ќе играме. Ни следи и натпреварот со Мешков Брест, каде влогот е голем – пласман на СЕХА завршницата. Полека ќе биде сè во ред и формата ќе оди во нагорна линија. Имаме доста нови играчи, доста млади ракометари и ќе ни треба повеќе работа и повеќе воигрување.

Марио Танкоски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

При крај сме со овие тешки припреми. Трениравме напорно, дури и некогаш по четири пати на ден, но тоа е добро. Доста играчи се сменија, но квалитетот мислам дека е истиот. Од сегашна гледна точка мислам дека ќе имаме успешна сезона.

Ова е моја сезона и во разговор со тренерот се надевам дека ќе имам простор за надигрување. Проблемот со рскавицата е зад мене и можам да се посветам кон ракометот.