И на вчерашната седница на Советот на Општина Битола имаше политички тензии меѓу ВМРО ДПМНЕ и Поинаку. Бојкоски рече дека и тие и општината и администрацијата сакаат да работат во интерес на граѓаните и побара да нема кочење на проектите од инаетење.
Претседателката Илиевска возврати дека тие не биле на последните седници и затоа не можело да бидат обвинети дека ја кочеле работата, но рече дека и досега се имало време да се сработи многу, а малку се направило.












