ТЕРА

REKLAMA???

ТИРАМИСУ – ДЕСЕРТ ИЛИ АФРОДИЗИЈАК

Тортичката со бисквити натопени во кафе и вкусен крем околу можеби не потекнува од слаткарница, ниту кујна, туку од бордел.

„Се обложувам дека барем еднаш во животот сте ја пробале слатката креација на Роберто Лингваноти. Зборувам за тирамису, ја започнува Мартина Монти својата истражувачка сторија за „Европски коресподент“.

Лингваноти бил познат како „таткото на тирамису“ откако го развил стандардниот рецепт додека работел како готвач за колачи во ресторанот Le Beccherie во Тревизо во 1970-тите. „Тој комбинираше шест декадентни, но клучни состојки – јајца, бисквити некаде наречени женски прсти, кафе, шеќер, сирење маскарпоне и какао – и во 1972 година ресторанот официјално го вклучи во своето мени“. Снимката од YouTube, сопственост на Italija Squizita го покажува ресторанот кој постои и е успешен до денес.

Но, тоа е приказната од 20 век. Приказната од 19 век раскажува сосема друго.

Се верува дека тирамису е создаден како афродизијак од остроумна љубовница која припаѓала на бордел во Тревизо. Љубовницата им го понудила на своите муштерии, кои можеби имале брачни проблеми со своите сопруги, за да ги подмлади. И така, тирамисуто се третирало како природна вијагра во 19 век.  Сепак, историчарите за храна дебатирале за оваа теорија.

А има и продлабочување на истражувањето. Па вели, Венето, регионот во кој се наоѓа Тревизо,  е родното место на италијанскиот десерт. Легендата сугерира дека најпрво бил создаден во бордел наречен Тре Скалини, каде што сопственичката на своите клиенти по сексуалниот однос им давала тирамису за да им го подигне духот пред да се вратат во семејството и брачните проблеми. „Desso ve tiro su mi“,  или во превод „сега ќе ви го подигнам расположението“, наводно, била фразата што таа им ја кажувала на своите гости, па оттаму името на десертот, демек  – тира-ми-су оти така звучи и денеска Италијански во регионот Венето.

Другата легенда наликува многу на нашата за чорба со сливи и кромид за бремени. Поаѓајќи од традиционалниот рецепт во кој никогаш нема алкохол, Монти стигнала до заклучокот дека раната верзија на тирамису која содржи само изматени жолчки и шеќер била храна за бремени жени за сила.

Има и трета приказна, која како да ја наметнува битката за авторски права на светски познатиот десерт. Оваа приказна вели дека Норман Пиели кувар во хотелот Рома во Венеција користел десерт наречен Долче Торино, во кој се користел путер наместо маскарпоне, а бисквитите не биле натопени во кафе.  Дебатата вели дека во Фриули Венеција Џулија, планински регион во Италија што граничи со Австрија и Словенија, пронајден е рачно напишан рецепт за тирамису од 1959 година што се користел од Пиели, па оттука и нејаснотијата на потеклото и популарноста во регионот.

Едно е сигурно, се вели во истражувањето на Монти за „Европски коресподент“, дека „Без оглед на потеклото, успехот на тирамису се чини дека е научно докажан, а од неговото прво појавување во италијанскиот речник во 1980 година, тој сега е присутен на 23 различни јазици низ Европа.