ТЕРА

REKLAMA???

ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА, ВЛЕГОЛ ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА И УБИЛ ПЕТМИНА

Пет лица загинале во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар, 130 километри југоисточно од Загреб, јавија хрватските медиуми. Според нив, маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.

Пет лица загинаа на лице место, а на некои сè уште им се укажува лекарска помош. Напаѓачот потоа побегнал, но полицијата набрзо го уапсила во близина на кафуле во градот.

Меѓу убиените се и неговата мајка која била станарка во домот.

Како што јавуваат медиумите, низ градот одекнуваат сирени на службите за итна медицинска помош.