Според американскиот претседател Доналд Трамп, треба да започне прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Веќе 24 часа по почетокот на етапниот прекин на огнот, војната треба да биде завршена, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.
Прекинот на огнот треба да стапи во сила за околу шест часа, штом двете страни ги завршат тековните операции, напиша Трамп вчера околу 18:00 часот.
Прекинот на огнот треба да важи од 6 часот утринава.
Како што пишува Дојче Веле првобитно опишаниот тек на примирјето од страна на Трамп се чини дека не се потпира на истовремено стапување во сила, туку на етапен прекин на огнот. Најпрво, Иран ќе се придржува на прекин на огнот дванаесет часа, а потоа и Израел дванаесет часа. По истекот на овие 24 часа, војната ќе се смета за завршена, напиша Трамп понатаму. Тоа би било во среда наутро (средноевропско летно време).












