ТЕРА

REKLAMA???

ТРАМП ПО ИЗБОРНИОТ РЕЗУЛТАТ РЕЧЕ ДЕКА ОВА ЌЕ БИДЕ ЗЛАТНОТО ДОБА НА АМЕРИКА

Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Тој им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина.

„Америка ни даде моќен и мандат без преседан. Ја вративме контролата врз Сенатот – тоа е добро, рече Трамп.

Тој му се заблагодари на американскиот народ за „извонредната чест да биде избран за 47-ми претседател и 45-ти претседател“.

„Ќе се борам за вас, за вашето семејство и за вашата иднина секој ден. Ќе се борам за вас со секој здив во моето тело. Нема да мирувам додека не ја испорачаме силната, безбедна и просперитетна Америка каква што заслужуваат нашите деца и каква што заслужувате вие. Ова навистина ќе биде златното доба на Америка, им рече тој на своите поддржувачи во Флорида“ рече Трамп.

Тој истакна дека „Бог со причина го поштедил неговиот живот“.

„И таа причина беше да ја спасиме нашата земја и да ја вратиме Америка до величина. И сега ќе ја исполниме таа мисија заедно“, им рече тој на поддржувачите.

Според досегашните проекции, Трамп има 266 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 195.

Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.

МИА