ТЕРА

REKLAMA???

ТРИ ДЕНА БОГАТА ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ НА МУЗИКА ОД СВЕТОТ

Под слоганот „Време е за светскиот звук, дома!“ денес започнува 14. издание на Фестивалот на музика од светот кој ќе се одржува до 20-ти ноември, во Центарот за култура – Битола.

Во официјалната програма се три концерти. Фестивалот се отвора денес во 20 часот со настапот на познатата светска фадо пејачка Јоана Амендоеира со нејзиниот бенд од Португалија. Преку нејзиниот глас, фадото достигнува уникатни, возвишени моменти, поттикнати од нејзините сензуални хармонии. Амендоеира постигна дополнителен успех кога ја доби наградата за музичко Откритие  во 2004 година од португалската прес асоцијација. Истата година таа го претстави своето прво самостојно шоу на една од најстарите и најславните сцени во Лисабон: театарот Сао Луиз. Овој настап подоцна ќе се претвори во нејзиниот прв албум во живо, Ao Vivo Em Lisboa (Во живо во Лисабон).

Во сабота (19.11) на програмата се „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба, Македонија. „Многу ми е драго што после извесно време, заедно со мојата матична група ФОНТАНА имаме можност со голем концерт да се претставиме во нашиот град, пред нашата најдобра битолска публика. Голема чест за нас претставува тоа што овој концерт ќе биде во рамките на големиот Фестивал на музика од светот“, истакна Благојче Трајковски.

Тие оваа година го  промовираа новото издание со музички спот на песната Ако одам во Битола, а заедно со трубачот Џамбо Агушев направија урбана обработка на „Касапско оро“.

Третиот ден од Фестивалот на музика од светот е резервиран за македонскиот музички состав „Лилит“ кои ќе настапат во Центарот за култура на 20 -ти ноември од 20 часот.

Во Битола Лилит „ќе дојде меѓу луѓето“ и ќе го отсвират албумот „Чудо“ кој беше претходно промовиран во Скопје и во Охрид. Покрај тоа ќе изведат дел од композициите на вториот албум кој во моментов е во фаза на продукција.