ТЕРА

REKLAMA???

ТРПЕНОВСКА СО БРОНДБИ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО ВО ДАНСКОТО ПРВЕНСТВО

Одбојкарска интернационалка, битолчанката Ева Трпеновска, оствари голем успех во професионалната кариера во Данска. Младата битолчанка, носејќи го дресот на Брондби го освои третото место во шампионатот на оваа скандинавска земја.

Ова е голем успех за македонската одбојкарка, која веќе втора сезона игра во данскиот шампионат. Победата во малото финале на одбојкарките на Брондби им донесе место во евро-куповите.

Трпеновска е изданок на школата на Пелистер волеј и во клубот од Битола ја достигна својата играчка зрелост.