ТЕРА

REKLAMA???

ТУРНИР ВО ЗАБРЗАН ШАХ ЗА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ПРИЛЕП

Дел од програмата за одбележување на 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, денеска се одржа турнир во забрзан шах во СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп.

Шахистите ги поздрави градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

„Шахот го тренира логичкото размислување. Тој не учи како да се донесуваат одлуки, ја тренира меморијата, ја зајакнува волјата и ги мотивира децата да победуваат, но и ги учи како да се справат со поразот“ беше речено пред учесниците.

Турнирот беше во организација на Шаховскиот клуб „Прилеп“ со поддршка од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, а зедоа учество околу 60 учесници од средните училишта.