На Олимпискиот базен во Битола во неделата се одржа 11та по ред Император куп 2024 – пливачки натпревар. Меѓународен по својот карактер, на натпреварот наменет за деца и младинци учествуваа членови на пливачки клубови од Македонија, Србија, Косово, а имаше и нашинец од пливачки клуб во Австралија.
Пливачи на возраст од 9 до 19 години учествуваа на единаесетиот Император куп пливачки натпервар. Во Битола беа „Вардар“ од Скопје, „Пливај и уживај“ од Охрид, „Акваспирит“ од Охрид, „Челични“ од Штип, „Охридски бранови“ од Охрид, „Лесковац“ од Лесковац, Република Србија и пливачкиот клуб „Риверсајд“ од Перт, Австралија. Од градот домаќин учествуваа пливачи од клубовите „Олимпик“ и „Југ“.
Во прекрасна атмосфера и натрпеварувачки дух измина, сега веќе традиционалниот пливачки натпревар во Битола, многумина забележаа нови резултати кои доколку продолжат со натпреварување ќе бидат дел од нивните официјални успеси. Двата битолски клуба освоија бројни медаљи. Во категории машки и женски , според различна возраст, се пливаа сите дисциплини. На крајот, равијално, но секако забавно, се натпреваруваа и ветерани. Сите пливаа на 50 метри.












