Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека утре се очекуваат пообилни врнежи дожд и во Пелагонија.
„Утре во Пелагонискиот регион очекуваме врнежите да бидат и пообилни. Се очекува да наврнат и над 25 л/м2“ вели Ленче Ризова, синоптичар од УХМР.
Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен. Дали во Пелагонија ќе има силен ветер, со оглед на тоа што последниов период често сме на силни удари?.
„Ветер во Пелагонискиот регион, очекуваме во четврток, ќе имаме спуштање на постудена воздушна маса од север, ќе дува и засилен ветер од северен правец и овој ветер ќе допринесе за намалување на температурите“ вели Ризова.
Синоптичарите не очекуваат врнежи од снег во пониските делови, односно во котлините.
„Не се очекува, нема да има снег. Само во повисоките места, односно ридско-планински предели“ вели таа.
Претходните денови обилните врнежи од дожд доведоа до поплави во битолскиот и преспанскиот регион.













