По повод меѓународната недела на сестринството, Унијата на здруженија, предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас”, утре организира Свечена академија, под мотото „Нашите сестри. Нашата Иднина. Грижата за сестрите ги зајакнува економиите.”
Овој настан е посветен на сестринството како суштински дел од здравствениот систем со акцент на вредноста на сестрите и акушерките во секој сегмент од грижата за пациентите.
Свечената академија ќе биде и можност за размена на искуства, оддавање признание и поттикнување на солидарноста ,ежу колегите.
Свечената академија како што информираат од болницата „Плодност“ ќе се одржи во 13.00 часот во Центарот за култура во Битола.













