ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ТРИБИНА „ДАЛИ БИТОЛА МОЖЕ НА ТОЧАК?“

Младинска Асоцијација ИМКА Битола утре ќе организира информативно–едукативен настан “Дали Битола може наТочак?”.

Од таму велат дека следејќи ги нивните активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следат и застапуваат темата за изградба на велосипедска инфраструктура во Битола.

„Во рамките на програмата мобилизатори на заедниците со проектот „Битола – Вело град“ го набљудуваме исполнувањето на предизборното ветување за реализација на велосипедска инфраструктура во Битола преку следење на објави, документација, состаноци со чинители во процесот, анкетно истражување и јавна информативна сесија. Проектот е дел од „Поддршка на изборните реформи“ Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС)“ велат од ИМКА.

Јавната информативна сесија цели да понуди информации за заинтересираните граѓани за проектот велосипедски патеки:

На настанот ќе бидат споделени наодите од мониторингот на предизборното ветување за велосипедски патеки.

Осврт кон наоди од анкетно истражување од експерт во областа за урбана мобилност.

Граѓаните ќе имаат можност да добијат и информации за проектот велосипедски патеки од прва рака од клучни чинители од Општината за минатите чекори, моментален статус и што следува.

Денеска во Актуел на Тера, на оваа тема разговаравме со Виктор Илиев.