Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец. Сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.- прогнозираат од УХМР за денеска 14.11.2025.
Минималната температура во текот на ноќта била – 1 степени Целзиусови и со тоа Битола била вториот најстуден град во државата. Берово предничи со -3 степени минимална утринска температура.
За деновите од викендов од УХМР најавуваат дека времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.













