ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО ВРНЕЖИ ОД СНЕГ НА ЃАВАТО И БУКОВО

Утрово од 08:30 часот, поради сообраќајни незгоди, за сообраќај затворен беше регионалниот пат Велес – Градско, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има во Делчево, Дебар, Ѓавато и Буково, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.