Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Утринската во Битола до 2, а дневната до 18 степени.
Во текот на ноќта кон понеделник и во првите два дена од следната седмица ќе има повремени локални врнежи од дожд. Од понеделник до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината. Пораст на дневната температура се очекува од четврток.













