ТЕРА

REKLAMA???

ФИЛМОТ „ШЕЌЕРНИ ЛУЃЕ“ ЈА ЗАПОЧНА 2023 СО НАГРАДИ

Филмот „Шеќерни луѓе“ на режисерката Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ освои три нови награди и тоа: Награда за најдобра актерка на Сара Климоска на „Независни женски филмски награди од Лос Анџелес” (LA Independent Women Film Awards), натпревар посветен на жените уметници во медиумите и се фокусира на меѓународни и американски филмски, како и сценариски проекти, Награда за сензитивност доделена од меѓународно жири на Првиот меѓународен филмски прекуграничен фестивал од Париз (International Film Festival Transcending Borders) во категоријата на кратки филмови од БиХ и соседниот регион, заради вклучување на сензуалниот и интелектуалниот елемент со што се нагласува сензитивноста во наративниот дел на филмот, Награда за најдобар актерски ансамбл за Сара Климоска и Филип Трајковиќ на филмскиот фестивал Токуо Shorts.

Претходно филмот беше награден на фестивалот за краткометражни филмови „Chicago Shorts“, во САД за најдобра музика во краток филм. Музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев. Филмот имаше две прикажувања на 40-тото издание на Festival Tous Courts во Екс-ан-Прованс, Франција. „Шеќерни луѓе“ беше награден и со две 2 награди на Art Film Spirit Awards во соработка со Toronto Film magazine, во Канада, за најдобра актерка за Сара Климоска и за најдобар актер за Филип Трајковиќ.

Тука се и наградите: Најдобра оригинална музика (композитор Дуке Бојаџиев) – Best Original Score – на CineParis Film Festival, најдобар постер (дизајнер на постер Коста Лазаревски) – Best Poster – на Toronto Women Film Festival, најдобра актерка (Сара Климоска) – Best Actress – на Kiez Berlin Film Festival, најдобра актерка (Сара Климоска) – Best Actress – на Reale Film Festival.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе” е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски.