Македонските навивачи пристигнаа во Разград пред неколку моменти.
Неколку стотини македонски навивачи се сместија во фан базата која е на неколку километри настрана од градот.
Во Разград ги пречека топло време, а дел од навивачите искажуваат револт што не им е дозволено да прошетаат во градот.
Причините како што се наведуваат се од безбедносен карактер за што сведочи и бројното полициско обезбедување.












