ЖРК Пелистер од Битола се наоѓа пред ангажман на поранешна француска репрезентативка.
Французинката Мари Франсуа доаѓа во ЖРК Пелистер од Трухтершајм. Таа има 28 години, игра на позицијата среден бек, а најдобрите денови ги мина играјќи за Дижон, Ница и Шамбре.
ЖРК Пелистер претходно ги доведе левиот бек од Деспина, Сања Цветкоска и левото крило од Феникс АМС, Сара Илиевска.
Пелистерки во новата сезона ќе се натпреваруваат во групата А заедно со екипите на ЖРК Куманово, ЖРК Вардар, ЖРК Чаир, Шампион, Гевгелија, Спартак и Скопје.












