ТЕРА

REKLAMA???

ФРАНЦУСКИ ВЕСНИЦИ ГО ТУЖАТ „Х“ ЗА НЕЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА

Големите француски весници, вклучувајќи ги Le Monde, Le Figaro и Le Parisien, соопштија во вторникот дека поднесуваат правни мерки против социјалната платформа X (порано позната како Twitter), за наводно користење на нивната содржина без да им платат, пишува Ројтерс.

Претставниците на X не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Весниците тврдат дека им се должи плаќање според нивните дополнителни права, кои дозволуваат исплата на новински медиуми од дигитални платформи за дистрибуција на нивната содржина. Тие исто така посочуваат дека „X“, кој е во сопственост на милијардерот Илон Маск, никогаш не се согласил да започне преговори со француските издавачи на вести, за разлика од Alphabet Inc.,Google и Meta Platforms Inc.
Покрај тоа, весниците наведуваат дека „X“ не ја исполнил наредбата издадена од Парискиот суд на правдата во мај да ги објави информациите потребни за пресметување на износот што се должи.

„Приходот од овие права, со инвестицијата што ќе им овозможи на нивните корисници да ја направат, е поттик за плуралноста, независноста и квалитетот на медиумите, кои се од суштинско значење за слободата на изразување и правото на информирање во нашето демократско општество. “, се вели во соопштението на весниците.

Фото: Guardian