ТЕРА

REKLAMA???

ФУДБАЛЕРОТ ЕЗЏАН АЛИОСКИ СО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ТУРЦИЈА

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски, заедно со своите колеги од фудбалскиот клуб Фенербахче активно се вклучи во обезбедувањето средства и производи како помош на настраданите региони во Турција, погодени од разорниот земјотрес.

Имено деновиве Цела Турција и сите земји од светот се мобилизирани за помош и поддршка на настраданите во тешко погодените подрачја од катастрофалните земјотреси на југот на Рурција во понеделникот наутро. Се организираат бројни хуманитарни акции во многу сфери во општеството, па така и во спортот.

Токму турскиот фудбалски гигант Фенербахче чиј член е македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, е дел од тие акции. Популарниот Џани, е снимен како купува топла облека што подоцна ја спакува и ја донираше за настраданите луѓе во земјотресот.

Тој исто така помага во акцијата на Фенербахче заедно со фудбалерот Линколн Хенрик за пакување и пренос на пакетите помош за настраданите во Турција. Камионите со амблемот на клубот тргнаа до крајната дестинација до оние на кои средствата им се најпотребни.