ТЕРА

REKLAMA???

ХАОС ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ, ФИЗИЧКИ ПРЕСМЕТКИ И ЧАДНИ БОМБИ

Претпладнево во парламентот на Србија, по усвојувањето на дневниот ред, дојде до судир и фрлање чадни бомби, поради што набрзо целата сала беше обвиена во чад.

Опозициските пратеници исто така, развиорија транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да падне режимот“ и држеа српско знаме.

Пратениците се гаѓаа со шишиња вода и јајца, а целата сала се исполни со чад.

Како што јавуваат медиумите неколку пратенички биле повредени.