ТЕРА

REKLAMA???

ХРИСТО ВАСИЛЕВСКИ-ДРЖАВЕН ШАМПИОН ВО АМЕРИКАНСКИ ПУЛ БИЛЈАРД

Билјард клубот Лонгони од Битола со учество на Мастерсот во двете конкуренции ја заврши сезоната, што се однесува до натпреварите во индивидуална конкуренција.

Завршниот мастерс во А дивизијата во американски пул-билјард, дисциплина „деветка“, се одржа во клубот „Петчи и Панчо“ во Битола.

Како што се очекуваше на домашен терен доминираа домашните натпреварувачи. Христо Василевски е освојувачот на последниот Мастерс, трет за него оваа година и севкупен шампион на Македонија во американски пул билјард.

Прикажа одлична игра, а тренирањето по неколку часа дневно придонесе сите удари да ги изведува самоуверено и технички точно и исправно. Б дивизијата се играше во Скопје, а дека билјардската еуфорија не престанува, доказ се 56 пријавени натпреварувачи.

Останува да се одигра Државното екипно првенство каде Лонгони од Битола го брани првото место.

Тројца јуниори од Битола ќе играат наредниот викенд во Скопје и шансите им се големи за висок пласман.