ТЕРА

REKLAMA???

ХУМАНИТАРЕН НАСТАН НА ЈАСМИНА ЈОШЕВСКА ВО СКОПЈЕ

Во Домот на Армијата во Скопје се одржа хуманитарен настан со промоција на книги на битолчанката Јасмина Јошевска. Беа промовирани 7 нејзини книги од кои две најнови. Присутните гости имаа можност да купуваат книги , а средствата од продажбата се наменети за

Александар и Бобан од Крушево, кои неодамна останаа без својата мајка. Бидејќи тоа семејство живее во Крушево од каде потекнува и поетесата Јасмина, таа реши сите средства да ги донира.

„Ден кој ќе го паметам цел мој живот зошто овде сите срца чукаа како едно“, ни изјави Јасмина.

Јошевска ги има издадено книгите:Остани, Од До, Димензионално послание, На врв и на дно, Долина на солзите, Клавирот на животот, Од чешмата на времето. На настанот настапија Дарко Гроздановски, Андријана Јаневска, Бобан Рајчиноски, Viva Strings квартетот и Трио Џентлмен.