ТЕРА

REKLAMA???

ЧАША ЗА ПОВРАЌАЊЕ – ДЕТОКС ОД 15 ВЕК

Големите, обилни со храна празнувања веројатно Ве доведоа до зголемување на конфекцискиот број. Не грижете се, не сте само вие, не сте само тука и, не само во овој век. Големите прејадувања често биле во фокусот на лекарите и надрилекарите во 17 и 18 век. На пренајадените им давале  лек во „антимонална чаша“.

 

Антимонална чаша била мала кригла или чаша од половина литар, најчесто исполнета со вино. Лиена во антимон, популарна во Европа во текот на 17 и 18 век, го добила името според намената   –    на латински calica vomitoria  или чаша за повраќање. Антимонијална или еметична чаша е значајна затоа што виното што се чувало во неа 24 часа добивало еметичен односно лаксативен квалитет. Што подразбира дека лекот би наменет да ве разболи.

Историја

Римските банкети од антиката имале пехари со специјално подготвено вино со антимон. Антимоналната чаша би се користела со цел да се олеснат повторените дози на прејадување со следење на прочистувањето. Едно време ја забраниле, но, како и историската приказна за девственоста и калаузот, така од 15 век се појавиле мали метални лимени чаши со антимон како една од нивните состојки. И , како што често бива, антимонијалната чаша станала вистинско богатство и наследство. Па од Европа се пренеле во Америка и пак завладеале во 17 и 18 век.

Колекционерите сега, во 21 век се шетаат по манастирите на Европа кадешто имало најмнои вакви заостанати чаши. Светските музеи бележат 6 во Велика Британија, 2 во Холандија, една во Швајцарија, Италија.

Лондонската се верува дека била сопственост на капетанот Џејмс Кук, англискиот морепловец. Се наоѓа во Националниот поморски музеј во Гринич, Лондон. Причината поради која имал антимонална чаша е главно шпекулација, од стомачни проблеми до скорбут. Кук бил вклучен во експедицијата на Свети Лоренс од 1759 година под заедничка команда на адмиралот Сер Едвард Сондерс и генералот Волф. Веројатно тогаш најмногу му била потребна.

Инструкциите за употреба велат :    да се наполни антимоналната чаша во 18 часот со бело вино и да се земе целото вино во 7 часот следното утро за да се предизвика повраќање. За деца, половина од дозата.   Ако не предизвикало повраќање во рок од неколку часа, тогаш тие требало да ја земат другата половина од течноста. Овој метод на користење на вино за собирање на мал дел од металниот дел од антимонот зависи од киселоста на виното. Ако виното било премногу кисело, тогаш мешавината би можела да стане премногу силна за телото, што ќе резултира со труење или дури и смрт.

Затоа, во овој век за пренајадување и пренапивање се користат други средства, кои барем не предизвикаат повраќање.

 

Забелешка: редакцијата не го препорачува овој начин на детокс