ТЕРА

REKLAMA???

ЧЕТИРИ ПРОДОЛЖУВАЊА НА ДОГОВОРИ ВО ПЕЛИСТЕР ЗА ЕКСПРЕСНО ВРАЌАЊЕ ВО ПРВАТА ЛИГА

Битолски Пелистер продолжува со создавање на тим за следната сезона во која ќе се обидат да изборат враќање во Првата лига, откако изминатава сезона испаднаа по лошите настапи, а денеска тимот од Битола потпиша нови договори со четири фудбалери.

Битолскиот тим им ги продолжи договорите на Борче Маневски, Петар Љамчевски, Јовче Трајковски и Филип Трајчевски, а повеќе детали не беа објавени од Пелистер.

Екипата на Пелистер претходно потпиша со Илче Петрески, Благоја Љамчевски и Филип Миленковски кој се сели во Битола од штипска Брегалница.