Шефот за климатски промени на Европската унија, Вопке Хокстрa, во интервју за „Politico“, предупреди дека иако планетата се загрева, геополитичката ситуација на глобално ниво се лади, создавајќи “геополитичка зима” која може да има сериозни последици за климатските иницијативи на Унијата.
“Јасно е дека влегуваме во геополитичка зима”, изјави Хокстра, зборувајќи од неговиот кабинет во седиштето на Европската комисија, Берлајмон.Тој предупреди дека ситуацијата ќе се влошува пред да започне да се подобрува во следните години, нагласувајќи дека ЕУ се наоѓа во период на силни политички и економски турбуленции кои ќе имаат големо влијание врз идниот тек на климатската политика.
“Ситуацијата е многу поинаква од онаа која ја имавме пред неколку години”, изјави Хокстра. „Додека Европа напредува со своите климатски цели, на глобално ниво, особено со враќањето на Трамп, се соочуваме со повратни удари од популистички сили кои се противат на еколошките политики, а исто така и со длабока внатрешна поделеност во многу земји членки на ЕУ”
Во контекст на овие геополитички предизвици, Хокстра истакна дека, и покрај растечката опозиција, Европската унија нема да се откаже од своите климатски цели. “Ние ќе продолжиме да ги следиме нашите климатски амбиции, но Европа не може да оди сама”, додаде тој, признавајќи дека меѓународната соработка ќе биде клучна за справување со климатските промени.
Фото: Politico












