ТЕРА

REKLAMA???

ШТО Е СРЕЌА И МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ИЗМЕРИ? КАКО ВИ Е АРНО ТАКА!

Македонија е на 84 место според проценката на реализираните очекувања во земјата, младите се малку посреќнни од возрасните па тука Македонија е на 64 место. Возрасните, дека помудри, среќни се толку колку што треба за  да го „освојат“ на 98 место од 143 земји кадешто се спроведувало годишното истражување.

Финска е најсреќната држава во светот седма година по ред, САД не е во првите 20 земји како претходно, сега Словенците се посреќни од Американците, и земјите од Океанија се потажни отколку што беа наспроти земјите од Источна Европа кои бележат повеќе среќа од пред пандемијата на ковид. Израел е на петтото место и покрај вооружениот конфликт што е во тек. САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд не се многу среќни, особено младите. Нигерија, Бутан и неколку други африкански земји биле рај за возрасните.

Дали е сигурен извор на информации?

Секако, но дискусијата, дванаестина часа по објавување се води кон прашањето дали е точен?

Нелогично е Израелците според сите вести што ги гледаме да се толку високо на листата среќни луѓе, а Палестинците на пример не се помрднаа од 103-то место. Дебатата го напаѓа неминовниот заклучок дека најпрвин овој извештај ги занемарува значајните настани, а потоа и заклучокот дека на побогатите и војна не им е проблем колку на сиромашните. Па така Русија е на 74 место по среќа, а Украина ја нема на листата.

Според експертите од ОН резултатите се вакви затоа што годинава извештајот го покрива двегодишниот период од 2021 до 2023 година, ја структурира проценката по возраст и содржи ново поглавје – степенот на среќа во Индија.

Вообичаено се проценуваат 6 параметри кои Институтот Галуп ги собира од државите на ОН.

  1. Социјална поддршка – чувството на социјална сигурност кога државата е таа што ќе помогне во тешки времиња
  2. Бруто домашниот производ – или колку земјата произведува поделено со бројот на луѓе

што живеат таму

  1. Oчекувања за здрав животен век – низ бројки го проценува физичко и ментално здравје

кај населението

  1. Слобода да се направи животен избор – игра клучна улога во чувството на индивидуална

среќа која се проценува со операцијата собирање

  1. Generosity – великодушност , поим разбран како доблеста на давање помош, поддршка,

љубезност во односот кон другите

  1. Отсуство на корупција – фактор кој ги анализира владите и бизнисот

Годинава повеќе внимание било посветено на т.н Кантрил скала на индивидуална среќа, метод со кој поединците ги оценуваат своите животи замислувајќи скала со нивниот најлош можен живот и нивниот најдобар можен живот.  Па оттука, жените во светот имале негативен став кон се што им се случува, а жените од Сиера Леоне во Африка се најсреќните во светот.

Значајниот момент во овогодишниот извештај за срекни земји е Индија, ама од аспект на културните разлики во светот и насока кон размисла за продлабочување на истражувањето во следните години. Кантрил скалата во оваа земја содржи параметри од кои можеби и среќата во Македонија може да се определи: задоволство од куќата кадешто живеете, живот во град или на село, самооценето здравје, ниво на образование, важност на религијата, работен статус, приход во домаќинствата, тековен брачен статус, здравствено и пензиско осигурување, статус на хроничен морбидитет, статус на физичка активност и други.

На крај во дебатата постои и трета група која го цитира Шекспир и вели „Среќата е составен дел од нашите животи и значајно е во животот да се најде нешто за што ќе се задржиме, што може да не направи среќни и да дозволиме да не мотивира, а Вие како милувате или Како ви е арно, така“.