Голем дел од македонските јагниња и годинава ќе се пласираат на пазарите во Италија, помал дел во Хрватска, но ќе има доволни количини и за домашниот пазар – информираа викендов македонските медиуми. Според информациите цената за домашниот пазар ќе биде слична како онаа по која се увезува во Италија – 11 евра, односно над 660 денари за килограм. Со оглед на тоа, се очекува да се зголеми и откупната цена во шпицот и таа да биде 250 денари за килограм жива мера.
Од протестот кој го направија прилепските сточари односно овчари, годинава кај нив постои разочарување поради откупот од цена од околу 210 денари за килограм. На ова се надоврзува нивната реакција предизвикана со ниската откупна цена од околу 210 денари за килограм. Бараат укинување на мерката со која се обврзани 50 отсто од јагнињата пропорционално со големината на стадата. Сточарите изразуваат загриженост за владината одлука да испорачаат 50% од јагнињата, пропорционално на бројот на овци, во кланица. Според нив, оваа одлука негативно се одразува на бројот на стадата кој од година во година се намалува. Посочуваат дека не може секоја овца да се јагни, па условот да се предаде половина од нив предизвикува загуби и го отежнува одржувањето и одгледувањето на стадото.
Оваа година, 30% од овците се ојагниле предвреме. Дури и ветеринарите не знаат што е проблемот со кој се соочуваат македонските сочари, а уште еден проблем со кој се соочуваат овчарите е што 10% од ојагнетите овци потоа се разболуваат и умираат.
За министерството за земјоделие, според замениик министерот Флакрон Беџети, ваквата мерка е во насока кон поголема прецизност со која државата ги следи стадата и овчарите. Инаку во програмата на министерството за 2024 / 2025 година субвенции за овци се класифицирани како: основни директни плаќања 600 денари по грло постаро од 12 месеци кое се чува до ноември во годината; дополнителни директни плаќања од 1.400 денари по грло кое се чува најмалку до 30 ноември за чијашто исплата услов е предавање во кланичен капацитет на најмалку 50% од бројот на пријавените возрасни грла. Плус, програмата предвидува и поддршка за заклано јагне во кланичен капацитет од 1.000 денари по заклано јагне, што од 2024 година е зголемено за цели 600 денари. Бројот на заклани јагниња за кои се исплаќа поддршката неможе да биде поголем од бројот на пријавените возрасни овци зголемен за 30%.












